Аталанта му нуди нов договор на Гасперини до 2027 година

Искусниот тренер Џанпјеро Гасперини би можело да го продолжи договорот со Аталанта и покрај претходните најави дека ќе замине по крајот на следната сезона.

Клубот од Бергамо му понудил нов договор до јуни 2027 година, а 67-годишниот Гасперини, кој претходно тврдеше дека нема намера да остане по истекот на актуелниот договор во летото 2026, очигледно го преиспитува своето финално решение.

Во моментов, Аталанта е третопласирана во Серија А со 74 бода по 37 кола, што е потврда за уште една успешна сезона под водство на Гасперини.

Минатата сезона тој ја предводеше Аталанта до историски трофеј во Лигата на Европа, победувајќи го Баер Леверкузен во финалето, што е прв европски пехар во историјата на клубот.

Продолжување на договорот би било силен сигнал за стабилност и амбиција од страна на клубот, кој под водство на Гасперини израсна во еден од најконкурентните тимови во Италија и во Европа.

- Оглас -

Најнови вести