Аталанта од „два во кец“, минималец на Сасуоло (Видео)

Фудбалерите на Аталанта го победија Емполи со 2:1 во 27-то од Серија А и останаа во игра за пласман во Лигата на шампионите. Аталанта со новите три бода, сега има 45 и е шеста на табелата, со само два бода помалку од петтопласираната Рома, и само пет помалку од вториот Интер.

Аталанта до победата дојде со пресврт, по првото полувреме губеше со 0:1, но во вториот дел постигна два гола за триумф.

Емполи во финишот на првото полувреме поведе со голот на Тајрон Ебуехи, но во 58-та минута, Аталанта успеа да дојде до израмнување и тоа преку Мартен де Рон.

По израмнувачкиот гол, домашните фудбалери продолжија да доминираат на теренот и офанзивната игра вроди со плод во 86-та минута кога резервистот Расмус Хејлунд постигна гол за победа.

Претходно, Сасуоло благодарение на голот на Доменико Берарди во 71-та минута, ја совлада Специја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести