23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Аталанта одби уште една богата понуда за Ретеги

Италијанскиот калчолигаш Аталанта ја одби и подобрената понуда од Ал-Кадисија за напаѓачот Матео Ретеги, пренесуваат медиумите на Апенините. Саудискиот клуб од Про лигата испратил втора понуда вредна 53 милиони евра за италијанскиот напаѓач, но Аталанта ја одбила, инсистирајќи дека сака најмалку 60 милиони евра за да го пушти фудбалерот.

На Ретеги му е понуден договор од 20 милиони евра годишно и тој е во силно искушение да се пресели во Саудиска Арабија. Ретеги пристигна во Аталанта од Џенова минатата година за 20 милиони евра.

Напаѓачот, роден во Аргентина, беше најдобар стрелец во Серија А минатата сезона, постигнувајќи 25 голови во 36 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести