Аталанта пишува историја во ЛШ, мирно е во Лондон (видео)

Ханс Хатебоер е осмиот различен играч на Аталанта кој се запиша во листата на стрелците во Лигата на шампионите оваа сезона. Тимот од Бергамо постигна вкупно десет погодоци во мечевите од групната фаза и во вечерашниот против Валенсија, кој се игра на „Сан Сиро“, разноврсноста меѓу стрелците може да ја донесе првата историска победа во нокаут-фазата за избраниците на Гасперини.

Се играше 16-тата минута кога Гомес проби во опасната зона на Лилјаците и го проигра Хатебоер, кому му остана полесната задача да го совлада Доменех. Пред паузата, Иличиќ зголеми на 2-0, па сега Валенсија ќе има тешка задача во вторите 45 минути од мечот.

Во Лондон засега нема голови, иако Лајпциг делува поопасно во однос на десеткуваниот Тотенхем. Црвените бикови имаа неколку добри прилики кои ги спречи голманот на домаќините Уго Љорис.

Инаку, тренерот на гостите Џулијан Нагелсман се запиша во историјата на Лигата на шампионите како најмлад тренер кој предводел екипа во нокаут-фазата само со 32 години и 211 дена.

- Оглас -

Најнови вести