25.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Аталанта по 23 години ќе игра во финалето од Купот на Италија

Аталанта славеше во реваншот против Фиорентина со конечни 2-1, па со вкупен резултат од 5-4 се пласира во финалето од Купот на Италија. Аталанта чекаше 23 години за пласман на завршницата од италијанскиот куп, а последен пат го освои во сезоната 1962/63.

Иако гостите дојдоа до рано водство преку Муриел, Иличиќ ја врати неизвесноста на мечот со погодок од белата точка во 14-тата минута. За победа голот го постигна Гомес во 69-тата минута, што беше доволно за фудбалерите на Гасперини да се радуваат на нивниот најголем успех во изминативе години.

Во борбата за пехарот ќе се соочат со Лацио, откако тимот од Рим вчера го елиминираше Милан со минимална победа од 1-0 на „Сан Сиро“.

- Оглас -

Најнови вести