Фудбалерите на Лацио беа многу блиску до победа над лидерот Аталанта, но водството и победата им побегна на само две минути пред крајот на мечот. Фисајо Деле-Баширу во 27-мата минута го доведе Лацио во водств од 1-0, но Марко Брешианини во 88-мата минута израмни на 1-1 и ја задржа Аталанта на врвот од Серија А.
Стар-новиот лидер на табелата сега има бод повеќе од второпласираниот Интер , кој има и меч помалку, а може да биде стигнат и од Наполи, кој во недела игра на домашен терен против Венеција.