Аталанта со бомба на Малиновски речиси го отпиша Јувентус од битка за титулата (Видео)

Еден гол во мрежата на Јувентус го одлучи победникот на дербито во Серија А помеѓу Аталанта и Јуве. Тимот од Бергамо до победата од 1-0 дојде во 86-та минута, со шут од далечина на Руслан Малиновски, па изби пред Бјанконерите на табелата. На седум кола до крајот, Јувентус има дури 12 бода помалку од Интер.

Аталанта уште од февруари 2001 не знаеше за триумф над Јуве.

Лацио го совлада Беневенто со 5-3 во дуелот на браќата Инѕаги кои се тренери. Вештерките си дадоа два автогола, и сега имаат шест автоголови сезонава. Чиро Имобиле дојде до 150-ти гол во Серија А. Најубедлива беше Болоња која со 4-1 ја надигра Специја.

Ова е голот на Малиновски со кој му го „честиташе“ роденденот на Шчесни:

https://twitter.com/i/status/1383794191797350404

- Оглас -

Најнови вести