1101 Тотенхем – Ливерпул (17:30)
Премиерлигашкиот лидер, Ливерпул, како фаворит му гостува на Тотенхем, кој во моментов е на 11-тата позиција на табелата. Очекувањата се дека ќе продолжи серијата од 20 натпревари по ред на кои „црвените“ немаат пораз, но и дека ќе ја зацврстат позицијата на табелата. На последниот меѓусебен дуел на овие две екипи победи Ливерпул со 4-2, а на последните осум меча се тресеа двете мрежи.
Предлог тип: Х2 & ГГ (1.69)
1309 Реал Мадрид – Севиља (16:15)
Реал Мадрид со победа над Севиља ќе ја мине Барселона на табелата и ќе дојде на само бод од градскиот ривал Атлетико, кој може да го мине, но само после Нова година кога ќе се игра одложениот натпревар против Валенсија. „Кралевите“ на последниот меч направија голем кикс и одиграа само 3-3 против соседот Рајо Ваљекано, па сега едноставно немаат друг избор, освен да победат. На последните 11 натпревари, Реал нема загубено од Севиља, односно од 2018-тата година, а екипата од Андалузија последен пат се радувала на „Сантијаго Бернабе“ во 2008-мата година.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.74)
1809 Волфсбург – Борусија Дортмунд (17:30)
Голови во двете мрежи, но и во двете полувремиња се очекува од екипите на Волфсбург и Борусија Дортмунд. Двете екипи се една до друга на табелата со само еден бод разлика, па со евентуална победа, една од нив ќе фати приклучок кон горниот дел и борбата за излез во Европа. Последните два натпревари на Волфсбург завршија „гол-гол“, а таков беше случајот и на последните четири меча на „милионерите“.
Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (1.81)
3008 Монца – Јувентус (20:45)
Јувентус вечерва има навидум лесно гостувањето против Монца, која е на делба на споелдната позиција на табелата, но Тијаго Мота има големи проблеми околу составот и ќе настапи без најмалку седуммина фудбалери. Токму тоа е шансата за Монца и најсигурната опција дека домашните барем еднаш ќе ја затресат мрежата на „старата дама“. Впрочем тоа го сториле на четири од последните пет натпревари против Јувентус, дури и кога фаворитот бил комплетен.
Предлог тип: Т1 1+ (1.76)
3007 Аталанта – Емполи (18:00)
Аталанта е сензацијата во Серија А оваа сезона и со победа на мечот против Емполи ќе се врати на врвот од табелата. Екипата од Бергамо има серија од 10 победи по ред во Серија А, а Емполи е противник кој го победија на последните четири меѓусебни дуели.
Предлог тип: 1-1 & 2+ (1.94)