Аталанта славеше на гостувањето кај Беневенто со 3-1, а победата гостите ја осигураа во период од 90 секунди.
До 68-та минута резултатот беше 1-1, прво отвори Иличиќ во 30-тата минута, за потоа Беневенто да израмни преку Сау во 50-тата минута. Дефанзивецот Толои беше на вистинското место да ѝ донесе нова предност на Аталанта на дваесетина минути до крајот, а веќе во следниот напад гостите ги решија сите дилеми преку Запата.
Муриел во финишот само ја направи победата уште поубедлива за конечни 4-1.
Тимот од Бергамо со победата застана на четвртото место на табелата со 31 бод, еден повеќе од шампионот Јувентус, додека Беневенто остана на 10-тото место со 21 бод.
https://streamable.com/0gnny1
https://streamable.com/6fw98x