Како што напишавме пред еден час, Турција на неверојатен начин испадна од Евробаскетот, откако загуби од Франција со 87:86 во осмина-финалниот меч во „Мерцедес“ арената во Берлин.
Турците на 10 секунди до крајот, имаа предност од 77:75, имаа и две слободни фрлања кои што ги промаши Џеди Осман, за веднаш после нив да имаат и напад.
Сето тоа го фрлија во вода, за со поените на Гобер да се замине во продолженијата, а таму Франција минимално да слави, откако Турците ја загубија топката во нападот за победа.
„Некогаш се случуваат чуда, некогаш не али тоа е убавината на кошарката. Ова е најболниот пораз во мојата кариера, иако во треттата и четврттата четвртина игравме одлично.
Сега се случи чудо против нас, а во проолжението паднавме психички што е за очекување“ изјави турскиот селектор, Ергин Атаман.