Атанасов: Бевме трпеливи, ја чекавме нашата шанса и ја искористивме

Фудбалската репрезентација на Македонија со триумф од 1-0 против Фарски Острови го заокружи циклусот во Лигата на нации. Со пет победи, сите без примен гол, и само едно реми, на стартот во Торшавн, Македонија доминантно го освои првото место и за првпат во историјата ќе биде дел од Лига Б.

Стрелец на голот беше Бојан Миовски, а асистенцијата дојде од Јани Атанасов.

„Беше тежок натпревар, но ги испочитувавме советите на селекторот и останавме трпеливи и мирни. Стратегија беше да не брзаме, да је чекаме нашата шанса, и ете се отвори кога требаше, а Бојан погоди. Среќни сме што завршивме со победа, секогаш тоа е целта кога играме во дресот на Македонија. Од следниот циклус ќе играме во Б сегментот во Лигата на нации, а многупати докажавме дека можеме да се носиме со поквалитетните селекции и тоа ќе го потврдиме и повторно“, изјави Атанасов.

- Оглас -

Најнови вести