Атанасов: Гинеме за овој дрес, среќни сме што изгледавме добро на терен

Јани Атанасов кој го постигна водечкиот гол за Македонија и го отвори патот на нашата репрезентација до победата над Летонија, истакна дека тимот имал контрола врз мечот и среќни се што освоиле три бода.

„Освоивме многу важни три бода, се спремавме за мечот многу добро. Среќни сме што изгледаме добро на терен и соработуваме како што треба, тука сме секогаш за Македонија, покажавме дека гинеме за овој дрес. Беше тежок меч, но дадовме сè од себе и среќни сме за трите бода. Бевме дисциплинирани, имавме контрола, кога требаше да нападнеме напаѓавме, кога требаше да се браниме, се браневме, го дадовме првиот гол во вистинско време, се смиривме и игравме она што знаеме да го играме и колку ривалот ни дозволи да играме. Заслуживме да победиме“, рече Атанасов.

Јани се осврна и на следниот предизвик, тоа е гостувањето кај Ерменија.

„И во Ерменија одиме по три бода. Сега треба да се одмориме, ни треба малку регенерација, и да се договориме со шефот како ќе изгледа следниот меч, фокусирани сме и повторно дадеме максимум“, изјави фудбалерот на полска Краковија.

- Оглас -

Најнови вести