Атиџе веќе е ѕвезда во Лос Анџелес, а кулминацијата треба да биде освојување Оскар

Атиџе Муратова сигурно ќе биде уникатна и единствена на овогодишното издание на најпрестижните филмски награди Оскар, пишува „Франс прес“. Во текстот на француската агенција, Атиџе е опишана како жена која среќно живеела 56 години и без телевизија, дека воопшто не ни знаела за култната серија „Сексот и градот“, но дека на Сара Џесика Паркер ѝ ја предвидела иднината гледајќи и на кафе.

„Сара Џесика Паркер беше многу возбудена што ја сретна Атиџе откако го гледала филмот“, вели продуцентот на „Медена земја“, Атанас Георгиев, за агенцијата „Франс прес“.

Георгиев открива колкава популарност за кратко време стекна жената која главна преокупација во животот ѝ се дивите пчели и собирањето мед. Сега таа е голема ѕвезда, па колку за илустрација, кога требало да оди да го проба фустанот кој ќе го носи на Оскарите, и биле потребни 20 минути да изоди 200 метри затоа што сите сакале со нејзе да направат фотографија за спомен.

„Луѓето ја сакаат. Таа стана ѕвезда. Немаме избор освен да се носиме со тоа. Антрополошки не би требало да го правиме тоа, но имаше голем притисок од јавноста во Македонија таа да оди на Оскарите“, вели Георгиев, плашејќи се дека таму може да ја гледаат како „лав во кафез“.

Македонскиот филм „Медена земја“ има две номинации за добивање Оскар на гала-свеченоста в недела. „Медена земја“ конкурира во категориите за најдобар интернационален фил и најдобар документарен филм. Во двете категории македонскиот филм е меѓу фаворитите, па останува в недела да видиме дали ќе се случи историски момент за македонската кинематографија.

Доколку верувате дека „Медена земја“ ќе освои Оскар, имате одлична понуда за обложување на Sport Life. Освен понудата во категориите во кои се наоѓа нашиот претставник, може да направите тикет и со можни добитници на Оскар во сите останати категории.

- Оглас -

Најнови вести