Атила не е голем освојувач, ама приреди светско чудо на Ролан Гарос

Унгарецот Атила Балаш вечно ќе ја памети денешната победа на Ролан Гарос против Јасутака Учијама со 3:0 и пласманот во второто коло во Париз.

Тенисерот што е роден во Будимпешта конечно на 32-годишна возраст го забележа првиот триумф на гренслем-турнирите, а до неа воопшто и немаше да дојде ако не ја сменеше одлуката за тениска пензија што ја донесе во 2014 година.

Големите проблеми со честите повреди го принудија Атила пред шест години да тргне по друг пат и да стане тениски тренер. Му кажа збогум на активното играње на професионалните турнири без освоена АТП-титула и без победа на гренслем-турнирите.

Но, сепак, големата желба и страст за тениската игра го вратија во вообичаениот колосек. Балаш повторно почна да игра и му оди сосема добро. Годинава освои пехар на Челинџер турнирот во Бангкок, што му беше прв по пауза од 10 години и сега заслужено слави и прва победа на еден од четирите најценети светски тениски турнири.

Во следното коло 32-годишниот Унгарец ќе игра против десеттиот носител Роберто Баутиста-Агут.

 

- Оглас -

Најнови вести