Атина „гори“ – Олимпијакос го доведе Марсело (ФОТО)

Од нигде никаде, Олимпијакос направи сензационален трансфер претставувајќи го Марсело како ново засилување.

Бразилецот кој што беше слободен агент доаѓа во Атина во трансфер кој што никој не го очекуваше. Во последниот ден од преодниот рок, Марсело беше поврзуван со заминување во Лестер но очигледно до тоа не дојде.

Легендарниот лев бек на Реал Мадрид со овој тим во мај дојде до петтата титула во Лигата на шампионите, а дресот на кралскиот клуб го носеше 386 пати.

- Оглас -

Најнови вести