33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Атланта го изненади Бостон, нова победа за Кливленд

Кошаркарите на Атланта хоукс го направија изненадувањето на вечерта во НБА лигата славејќи против Бостон на гости со 115-119, по продолжение. Тре Јанг со 28 поени, 11 асистенции четири скока беше најрасположен за игра во победничкиот тим.


Бостон првата четвртина ја доби со 33-21, но потоа возврати Атланта во втората со 15-31. Двата тима имаа подеми и падови и во останатиот дел од натпреварот.

Џејлен Браун со 24 поени и Џејсон Тејтум со 23 поени беа најефикасни кај Бостон.

Koшаркарите на Феникс Санс го совладаа Детроит како гости со 121-125. Ник Ричардс, центарот кој пристигна како замена за Јусуф Нуркиќ, имаше блескав деби настап.

Ричардс за 29 минути на паркетот оствари дабл-дабл, постигнувајќи 21 поен со шут од игра 7/8, заедно со 11 скокови.

Донован Мичел со 36 поени беше предводникот на Кливленд во триумфот (117-124) на гости против Минесота.

Резултати: Бостон – Атланта 115-119, Индијана – Филаделфија 115-102, Голден Стејт – Вашингтон 122-114, Минесота – Кливленд 117-124, Портланд – Хјустон 103-125.

- Оглас -

Најнови вести