Хјустон рокетс – Атланта хокс (Кошарка, НБА, 02.00 часот)
Домашните се огромни фаворити, затоа и квотата за единица е многу мала, па останува да се типува со колкава разлика ќе биде изразен триумфот на Ракетите. Веруваме дека Хјустон ќе победи со 14 или повеќе поени разлика, иако има неколку повредени и болни играчи. Сепак, Харден и Вестбрук се тука да надоместат секаков хендикеп. Јастребите не победиле од 13 ноември наваму, имаат девет порази по ред. Синоќа загубија минимално од Индијана во меч на кој Тре Јанг даде 49 поени.
Предлог тип: Х 1 -13.50 (1.88)
Милвоки бакс – Шарлот хорнетс (Кошарка, НБА, 02.00 часот)
За двата тима, ова е втор меч во два дена по ред. Милвоки е незапирлив, има 10, а вечерва ќе ја извојува и својата 11-та победа едноподруго. Шарлот има скор 8-12, осми е на Истокот, и оди на својата трета победа по ред, но Бакс е пресилен за Стршените кои се тим со најслаб скок во лигата. Елените сезонава имаат само три порази, и чудо би било ако не доминираат против својот дивизиски ривал.
Предлог тип: >226.50 (1.80)
Калгари флејмс – Отава сенаторс (Хокеј, НХЛ, 01.00 часот)
Флејмс одамна не „изгорел“ некого во регуларен дел, и можеби дуелот со канадскиот ривал им е шанса конечно да победат без продолжение. Сенаторите имаат три порази по ред. Калгари дома има три порази по ред, но последен пат кога играше дома со Отава, победи со 5-1, со што се реваншираше за поразот од 0-6 од есента 2017. Според традицијата, ова треба да биде ефикасен меч.
Предлог тип: >5.5 (1.60)
Детроит ред вингс – Вашингтон капиталс (Хокеј, НХЛ, 01.00 часот)
Вашингтон е на делба на првото место на Истокот, а Детроит е последен, и тука сè е јасно околу фаворитската улога. Црвените крилја имаат дури осум порази по ред, и добро би било да победат против тимот од главниот град на САД, но Овечкин и другарите тешко дека ќе го дозволат тоа. Некогашниот НХЛ шампион е во голема криза, но можеби и против силен тим како Вашингтон може да извлече тесен пораз.
Предлог тип: 2 (1.80)
Тампа беј лајтнинг – Каролина харикенс (Хокеј, НХЛ, 01.00 часот)
Дуел на два тима кои имаат два порази по ред и бараат враќање на победничкиот пат. Каролина не е лоша на гости, а и во септември на пријателски меч како гостин да победи со 3-0 против Тампа беј. Тимот од Флорида на сите домашни мечеви во ноември даваше барем три гола, додека Каролина на пет гостувања по ред дава два или повеќе голови. За тие што се похрабри и сакаат ризик, предлагаме тука да се обидат да типуваат на нерешено.
Предлог тип: Х (4.35)