Атланта и Индијана го одиграа најефикасниот меч годинава, дадоа 309 поени без продолженија (Видео)

Навивачите во „Стејт фарм арената“ во Атланта уживаа во одлична кошарка во која нивните Хоукси загубија од Индијана пејсерс во најефикасниот меч сезонава на кој беа постигнати 309 поени. Индијана славеше со 157:152 во меч во којшто немаше продолженија.

Со оваа победа Индијана има скор 8-5, додека Атланта има 6-7. Одлична партија кај победничкиот тим имаше Тајрис Халибуртон со 37 поени и 16 асистенции, додека на спротивната страна Тре Јанг даде 38 поени.

Кливленд кавалирс ја продолжи победничката серија, овојпат славеше над Филаделфија сиксерс со 122:119 по продолжението од пет минути. Ова е четврти триумф по ред за Кливленд, кој игра без тројца клучни играчи, Донован Мичел, Карис Леверт и Ајсак Окоро.

На Филаделфија не ѝ помогна одличната игра на двоецот Џоел Ембид – Тајрис Макси, кој постигна вкупно 62 поена.

Феникс санс предводен од Кевин Дурант и неговите 31 поен и девет асистенции беше подобар од Портланд, додека ЛА лејкерс ја растури Јута џез победувајќи со 32 поени разлика.

 

Резултати:
Орландо – Торонто 126:107, Атланта – Индијана 152:157, Филаделфија – Кливленд 119:122 (прод.), Феникс – Портланд 120:107, ЛА лејкерс – Јута 131:99.

- Оглас -

Најнови вести