Екипите на Атланта и Њу Орлеанс ги искористија домашните терени и победија против Шарлот и Сан Антонио во баражот за пласман во плејофот во НБА-лигата. Атланта речиси без никакви проблеми со 132:103 славеше против Парлов во меч на кој Јастребите уште во првата четвртина поведоа со 29:16 и потоа константно ја одржуваа предноста, која на крајот беше и убедлива.
Тре Јанг со 24 поени и 11 асистенции беше најдобар кај Атланта, а Деандре Хантер постигна 22 поени. По завршување на мечот, играчот на гостите Мајлс Бриџис жестоко реагираше на провокациите од еден навивач на трибината и малку недостасуваше да го удри.
Атланта во финалето од баражот за пласман во плејофот ќе игра против Кливленд, а подобриот од тој меч во првото коло од плејофот ќе се сретне со Мајами.
https://twitter.com/i/status/1514414020471652355
Њу Орлеанс со 113:103 го победи Сан Антонио, и тоа најмногу благодарение на Си Џеј Меколум, кој имаше 32 поени и Брендон Инграм кој додаде 27 поени. Пеликаните во финалето од баражот за пласман во плејофот ќе играат против Лос Анџелес клиперс, а победникот ќе се сретне со Феникс санс во првата рунда од пејофот.