Атланта со забивање на секунда до крајот победи против Торонто (Видео)

Атланта хокс го победи Торонто репторс со 126-125 во најнеизвесниот натпревар во НБА-лигата одигран рано утрово.

Јунак на мечот е Садик Беј, кој по утката на Тре Јанг во последниот напад, со офанзивен скок ја прифати топката во воздух и ја заби низ обрачот на 1,2 секунди до крајот за голема радост на публиката. Така Беј ја комплетира својата партија на сезоната со 26 поени и 13 скока. Јанг заврши со 30 поени и 12 асистенции, а Богдан Богдановиќ придонесе со 24 поени.

Изненадувачка победа извојува Детроит, кој и без првиот стрелец Кејд Канингем славеше против Оклахома сити од 120-104, со што на Тандер му заврши серијата од пет триумфи по ред. Џејлен Дурен беше најзаслужен за триумфот со дабл-дабл од 22 поени и личен рекорд од 21 скок. Клиповите имаат само 6 победи сезонава, а оваа од 16 поени разлика им е најубедлива.

Еве како Атланта го победи Торонто:

- Оглас -

Најнови вести