32.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Атлетичарите кои ќе соборат светски рекорд на СП во Токио ќе бидат наградени со 100.000 долари

Атлетичарите кои на Светското првенство во Токио ќе постават светски рекорд, Светската атлетика (World Athletics) ќе ги награди со дополнителни 100.000 долари (83.480 евра). На Светското атлетско првенство во Токио, кое започна во петокот, учествуваат повеќе од 2.000 спортисти од речиси 200 земји во светот, а Светската атлетикa објави дека повторно ќе наградува светски рекорди со дополнителни 100.000 долари. Ова не ги вклучува бонусите за најдобрите резултати.

Американската мешана штафета 4 x 400 метри беше последниот добитник на оваа награда за светски рекорд, кој го освоија на СП во Будимпешта 2023 година со време од 3:08.80. Осумте најдобри поединци и штафетни тимови во секоја дисциплина ќе добијат парични награди, при што екипите ќе бидат наградени со 80.000 долари (66.780 евра) за злато, 40.000 долари (33.400 евра) за сребро и 20.000 долари (16.700 евра) за бронза.

Четвртопласираната штафета ќе добие 16.000 долари, петтата 12.000, шестата 8.000, седмата 6.000 и осмата 4.000 долари.


Поединечно, златниот медал ќе биде награден со 70.000 долари (58.440 евра), сребрениот со 35.000 долари (29.220 евра), а бронзениот со 22.000 долари (17.379 евра). Четвртопласираниот ќе добие 16.000 долари, петтопласираниот 11.000, шестопласираниот 7.000, седмопласираниот 6.000, а осмопласираниот 5.000 долари.


Македонија на Светското првенство во атлетика ќе ја претставуваат Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова, кои ќе настапат на маратонските трки во машка и во женска конкуренција.

- Оглас -

Најнови вести