Атлетичарка ја удри противничката која со потрес на мозокот заврши во болница (Видео)

Атлетското училишно натпреварување во американската сојузна држава Вирџинија се најде во центарот на светската јавност поради инцидентот кој се случи на штафетната трка 4X200 метри.

Атлетичарката Кален Такер доби удар со палката во глава и заработи сериозни повреди. Такер пред само два дена постави рекорд на митингот на трката на 55 метри, а сега трчаше како втора замена на штафетата 4Х200 метри.

Во еден момент Такер успеа да ја претрча ривалката од едно друго училиште, кога ненадејно доби силен удар со палката директно во главата. Од здобиениот удар Такер загуби рамнотежа и ја заврши трката. Лекарите констатирале дека атлетичарката се здобила со потрес на мозокот, но тоа што многу повеќе разочарува е дека немало никакво извинување од атлетичарката која го направи овој инцидент, ниту од нејзиниот тренер.

„Не добивме никакво извинување. Ниту од тренерот немаше извинување. Дури и да се работеше за ненамерно удирање во што искрено не верувам. Немаше никакво извинување“, рече мајката на повредената атлетичарка, која трката ја следеше од трибините.

- Оглас -

Најнови вести