31.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Атлетик Билбао бара начин да ја зголеми клаузулата на Нико Вилијамс

Раководството на Атлетик Билбао ќе започне итни преговори со ѕвездата на тимот, Нико Вилијамс. Шпанскиот репрезентативец беше една од трансферните цели на европските гиганти летово, но на крајот остана во баскискиот клуб.

Барселона покажа сериозен интерес за него, но трансферот не се реализира.

Се очекува Барселона повторно да направи офанзива за Вилијамс во летниот период и токму поради таа причина, Атлетик Билбао ќе се обиде да му понуди нов договор на фудбалерот со значително зголемена откупна клаузула.

Во моментов таа изнесува 60 милиони евра, сума која не би претставувала проблем за повеќе европски гиганти.


За Нико Вилијамс интерес покажуваат и неколку англиски клубови, Арсенал, Челзи и Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести