Атлетик Билбао го шокира Атлетико во Мадрид, но уште не е во финалето на Купот (Видео)

Атлетик Билбао победи со 1:0 во Мадрид против Атлетико во првиот меч од полуфиналето од Купот на Шпанија. Гостите од Билбао до победата стигнаа со погодокот на Алекс Беренгуер од пенал во 25-тата минута, кој може да го видите ТУКА. 

Во продолжението на мечот, Атлетико имаше иницијатива и напаѓаше, но гостите одлично се одбранија. Залудни беа 18-те шутеви на домаќините, десетте корнери и две третини посед на топка, кога тимот од Билбао одигра одлично и на крајот славеше на теренот на којшто пред 10-тина дена беше елиминиран Реал Мадрид.

Во полуфиналето на Купот се играат по два меча, што значи дека сега следува и реванш на теренот во Билбао, каде што Атлетик оди со позитива од еден гол. Во второто полуфинале Мајорка и Реал Сосиедад одиграа без голови по првиот меч, па на реваншот на кој Сосиедад е домаќин едноставно мора да има барем еден погодок.

- Оглас -

Најнови вести