Атлетик Билбао ја елиминира Рома, Ајнтрахт го нокаутира четирикратниот европски првак

Атлетик Билбао убедливо со 3:0 ја победи Рома во реваншот од осминафиналето во Лигата на Европа и тоа беше доволно за Баскијците да се пласираат меѓу најдобрите осум екипи во второто по ранг натпреварување на УЕФА.

Рома уште во 11-тата минута остана со фудбалер помалку откако црвен картон доби искусниот Матс Хумелс. Без клучниот играч во одбраната, Рома немаше шанса против мотивираните домаќини.

Атлетик Билбао предводен од Нико Вилијамс, кој постигна два гола и еден погодок на Берчиче, стигна до убедливи 3:0, а Рома во финишот, односно во 90+2 минута даде гол за 3:1 преку Паредес, што на крајот не беше доволно да се избегне елиминација на Римската волчица.

Нокаутиран беше и четирикратниот европски првак Ајакс, кој со 4:1 загуби во Франкфурт од Ајнтрахт. Германскиот тим и на првиот меч во Амстердам победи со 2:1, што значи дека повеќе од заслужено Ајнтрахт е во следната фаза.

Лацио дома одигра 1:1 против Викторија П’лзењ, а италијанскиот тим оди понатаму благодарение на победата од 2:1 на првиот дуел на гостински терен. Историја испишува и Бодо/Глимт, кој го елиминира Олимпијакос. Грчкиот тим вечерва дома победи со 2:1, но Бодо/Глимт славеше со 3:0 на првата средба и заслужено понатаму оди тимот од Норвешка.

 

- Оглас -

Најнови вести