Иако Нико Вилијамс ги има договорено личните услови со Барселона, сепак, од Атлетик Билбао не се расположени да го пуштат својот најдобар фудбалер во Каталонија.
Раководството на клубот од Баскија ги одбило сите предлози на Барселона околу исплатата на обесштетувањето и ги бараат сите пари одеднаш, нешто што Каталонците не можат да си го дозволат.
Истовремено, челните луѓе на Атлетик Билбао преговараат со Баерн Минхен околу активирањето на откупната клаузула и ги прифатиле сите предлози, кои се идентични на оние кои беа одбиени за Барселона.
Сепак, потоа еден проблем. Нико Вилијамс сака да игра само за Барселона и нема намера да прави трансфер во друга екипа. Во ваква ситуација и доколку екипите се договорат, трансферот во Баерн Минхен нема да се реализира бидејќи шпанскиот репрезентативец не сака ниту да преговара за личните услови со Баварците.