Фудбалерите на Атлетик Билбао на домашен терен го победија Реал Сосиедад со 2:0 во рамки на 29-то од Ла Лига.
Баскиското дерби сосема заслужено им припадна на домашните фудбалери и тоа благодарение на Ињаки Вилијамс кој ги постигна двата гола. Вилијамс резултатот го отвори во првото полувреме, во 33-та минута, а конечниот резултат го постави во 69-та минута.
По триумфот во баскиското дерби, Атлетик Билбао сега има 43 бода и е седми на табелата, додека Реал Сосиедад останува на четвртото место со 51 освоен бод.