Атлетик и Еспањол не мрдаат од 0-2 гола

Атлетик и Еспањиол си ја имаат мерката во меѓусебните дуели и вечерва по шестипат по ред одиграа меч со малку голови, или со популарната игра од 0-2 гола.

Мечот заврши нерешено 1:1, а гостите од Барселона беа поблиску до победата и до цел плен. Поведоа со голот на Факундо Фереира во деветтата минута и имаа предност се до десеттина минути до крајот на мечот.

Сепак Атлетик успеа да се спаси од пораз со голот на ветеранот Раул Гарсија во 80. минута. Двете екипи со бодот што го освоија вечерва имаат по 34 бода на десеттата и на 11-та позиција во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести