Баскиските ривали Атлетик Билбао и Реал Сосеидад прифаќаат финалето на Купот на Шпанија да го играат ако треба и во 2021 година, само да има публика, но УЕФА се спротивставува и бара да се игра годинава. Ова инсистирање на Европската федерација ги натера двата клуба да бараат излезно решение.
Финалето требаше да се игра на „Ла Картуха“ во Севилја, но Андалузија е далеку од Баскија, плус тоа температурата во лето е многу висока и би се играло без публика, па таа варијанта отпаѓа, иако Шпанската федерација потпиша повеќегодишен договор наредните финалиња да се играат на тој стадион во Севилја. Но, ниту во Севилја не им одговара да се игра без публика бидејќи хотелите не би имале приходи.
Сега медиумите во Шпанија пишуваат дека Атлетик и Реал сметаат дека ако мора да биде без публика, најдобро би било да се игра некаде блиску до дома и предлогот е „Мендинсороса“ во Виторија, на стадионот на Алавес. Виторија е на 70 километри од Билбао, а 130 од Сан Себастијан. За датумот уште е рано да се зборува бидејќи не се знае ниту датум за продолжување на лигата.