Атлетик Билбао и Валенсија одиграа 0-0 во меч од шпанското првенство кој мина во знакот на Раул Гарсија, кој го одигра својот 551 меч во Примера и го надмина легендарниот Раул Гонзалес и се искачи на третото место на вечната листа.
Сега пред Раул Гарсија се само се уште активниот Хоакин Санчез од Бетис со 597, и некогашниот голман Андони Зубизарета со засега рекордни 622 настапи во шпанската прва лига.
Атлетик за првпат сезонава во Билбао одигра без голови, па засега во лигата само Бетис и Барселона немаат 0-0 на свој терен сезонава.
Валенсија сезонава не успеа да победи ниту еден од најтрофејните шпански клубови. Иако играа по двапати со Реал, Барса, Атлетико, Севилја и Атлетик, не добија ниту една од тие десет средби.