Атлетик штедеше сили за историскиот април (Видео)

Селта и Атлетик Билбао одиграа меч без голови, камо најава за денешните четири дуели во шпанската Ла Лига. Гостите го почнаа мечот без неколку стандардни првотимци, но сепак останаа непоразени.

Атлетик го чека историскиот април, месец во кој ќе одиграат две куп финалиња во Шпанија, што не се случило досега во 118-годишната историја на популарниот Копа Дел Реј.

Прво ќе играат на четврти идниот месец против Реал Сосиедад во одложеното финале од лани, а мечот за пехарот ќе се игра на „Ла Картуха“ во Севилја.

Само 13 дена подоцна повторно ќе се обидат да стасаат до куп титулата, овојпат против Барселона, на истото место на „Ла Картуха“ во Севилја.

Селта имаше доминација денеска на „Балаидос“, но не успеа докрај да ја искористи ситуацијата и да победи. Гостите имаа подобри шанси, но и тие не погодија за реми без голови.

Двете екипи имаат по 34 бода на деветтата и на десеттата позиција во најсилната шпанска лига.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести