Атлетик со пораз од Реал го прослави 100-тиот гол против Кралскиот клуб

Реал Мадрид веќе е на делба на првото место, по победата вечерва против Атлетик Билбао со 3:1. Карим Бензема со два гола спречи сензација на дуел на кој гостите од Билбао играа со фудбалер помалку од 13 минути, кога втор жолт картон и автоматско исклучување доби Раул Гарсија.

Сепак, и со 10-мина фудбалери на теренот, гостите израмнија на 1:1 во 52-рата минута со јубилејниот 100-ти гол во дуелите против најтрофејниот шпански клуб и најавија сензација што ја спречи Бензема.

Шпицот на Реал постигна голови за победа во 74-тата и во 92-рата минута, а стрелец за Реал беше и Тони Крос во финишот на првото полувреме за предност од 1:0.

Реал сега има 26 бода од 13 меча, идентично како и лидерот Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид, но Јорганџиите одиграа само 11 натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести