Барселона по десетти пат сезонава победи во Ла Лига со 1-0, а денешната победа над Атлетико Мадрид е втора на Барса над Јорганџиите од 1-0 сезонава.
После овој триумф со голот на Феран Торес, Барса е многу блиску до освојување на титулата, има 11 бодови предност на осум кола до крајот на сезоната.
Атлетико 17 години нема победа на „Камп Ноу“, нивниот тренер Диего Симеоне не знае како е да се победи на најголемиот стадион во Европа, а голем малер е и Антоан Гризман кој како гостински играч, никогаш не дал гол таму (како гостин на „Камп Ноу“ играл околу 1.200 минути).