Атлетико без Суарес против Осасуна

Атлетико Мадрид има незгодно гостување кај Осасуна, а во редовите на Јорганџиите ќе ги нема централните напаѓачи Луис Суарес и Диего Коста. Уругваецот доби одмор, и ќе биде поштеден за дуелот со Локомотив Москва во Лигата на шампионите, додека бразилскиот Шпанец е повреден.

Тренерот Диего Симеоне реши да ризикува и да не го користи Суарес, а ова значи дека напаѓачка двојка би требало да бидат Кореа и Шапоњиќ, нешто што ретко се гледа.

- Оглас -

Најнови вести