Атлетико е во голема криза, не може да победи ниту со играч повеќе

Кризата во Атлетико Мадрид продолжува откако во вторникот испаднаа од Лигата на шампионите и од Европа воопшто, а денеска не успеа да го совлада Еспањол во 13-то коло од Ла Лига играјќи 1:1.

На Атлетико не му помогна ниту тоа што од 28-та минута играше со играч повеќе по исклучувањето на Кабрера.

Тимот на Диего Симеоне дури и прв прими гол, во 62-та минута, нападот на Еспањол тргна од десната страна, по нафрлување топката дојде до Хоселу, кој со глава ја упати кон Дардер, а играчот од средниот ред постигна гол.

Голот го натера Симеоне да реагира, па во игра ги внесе Жоао Феликс и Лемар. И токму по акцијата на овие играчи Атлетико израмни, Лемар упати долга топка во 79-та минута, а Феликс со фантастичен удар ја затресе мрежата на Лекомт.

Младиот Португалец можеше да го сврти резултатот во финишот, но беше непрецизен. Шанса имаа и Хименез и Молина, но топката во двата наврати заврши далеку од голот.
И покрај ремито, Атлетико Мадридо остана на третото место на табелата со 24 бода, еден повеќе од Бетис и Осасуна, додека Еспањол е 16-ти со 12 освоени бодови.

- Оглас -

Најнови вести