Атлетико Мадрид мируваше во првите седум дена од преодниот рок, за потоа во два дена да претстави две нови имиња. Вчера потпиша Вицел, а денес на „Ванда Метрополитано“ пристигна најдобриот дриблер од минатата сезона во португалското првентсво, Самуел Лино.
Бразилскиот напаѓач дојде од редовите на Жил Висенте за сума од 6,5 милиони евра и потпиша петгодишен договор со Јорганџиите. Лино има само 22 години и веќе се покажа како опасен офанзивец со забележани 63 успешни дриблинзи во португалската Примеира, или по 1,85 дриблинзи по натпревар.