Атлетико го фати последниот воз за осминафинале, ПСЖ го потопи Галатасарај

Атлетико Мадрид го фати последниот воз за пласман во нокаут-фазата откако триумфираа со 2-0 против Локомотив Москва. Тимот на Диего Симеоне ја одработи задачата на ниво, иако за да го отворат мечот им беа потребни два пенали.

Домаќините можеа уште во првата минута да ја затресат мрежата на Локомотив, но Трипие утна од белата точка. Петнаесетина минути подоцна судијата Касаи повторно покажа кон белата точка, а овојпат Феликс не им прости на гостите од Русија. Дилемите ги реши дефанзивецот Фелипе во првите 10 минути од стартот на второто полувреме.

Атлетико како второпласиран од групата Д со 10 бода ќе игра во осминафиналето, а првата позиција од претходно ја осигури Јувентус. Старата дама со погодоците на Роналдо во 75-тата и Игуаин во 92-рата минута славеше на гостувањето кај Баер Леверкузен, па италијанскиот првак ги заврши обврските во групите со 16 освоени бода од максимални 18.

https://twitter.com/DONSPORTS2/status/1204877690949517312

ПСЖ немаше потреба да се троши, но избраниците на Томас Тухел го декласираа Галатасарај со 5-0. Погодија сите тројца напаѓачи, Икарди, Нејмар и Мбапе, а во голеадата на „Паркот на принцовите“ се запиша и Сарабија, а на крајот и Кавани се најде на листата со стрелци во финишот од мечот.

ПСЖ во шест меча оствари пет победи и со 16 бода ќе го чека противникот во осминафиналето.

https://twitter.com/KlintEistwuud/status/1204876977821356033

Реал Мадрид на бразилски погон славеше во Брисел протв Клуб Бриж со 3-1. Родриго и Винисиус јуниор беа талисманите од комбинираниот состав на Зидан кои ја донесоа третата победа за Кралевите по шест меча, а дилемите ги реши Модриќ во судиското надополнување.

 

- Оглас -

Најнови вести