Атлетико грми по судиите, Барди влезе во друштво на Ди Стефано, Мендиета, Кристијано Роналдо… (Видео)

Диего Симеоне доби црвен картон, и тоа кога Атлетико водеше со 2-1, а сигурно полудел од нервоза кога виде дека против неговиот тим е досуден уште еден пенал, и тоа поради игра со рака. Во редовите на шпанскиот првак не се согласуваа дека имало пенал, но судиите проценија дека Леванте треба да изведе пенал во 89-тата минута.

Енис Барди стана само седмиот фудбалер во историјата на Ла Лига, а прв во последните десет години кој дал два гола од пенал на ист меч против Атлетико. Другите шестмина се Корона, Франко, Ди Стефано, Мендиета, Негредо и Кристијано Роналдо. Фино друштво.

Погледнете ја спорната ситуација за вториот пенал:

- Оглас -

Најнови вести