Атлетико Мадрид и ПСЖ се договорија околу услугите на Единсон Кавани. Уругваецот дефинитивно ќе се пресели во Мадрид, но не како што посакуваа Јорганџиите во овој преоден рок. Кавани дури откако ќе му истече соработката со Светците ќе може да го облече дресот на Атлетико, што значи по крајот на оваа сезона.
Претставници на актулениот шпански вицепрвак беа во Париз на дополнителни преговори за да го обезбедат Кавани во овој преоден рок, но тие поминаа без успех.
По јануари, Кавани ќе стави потпис на двегодишен договор со Атлетико, а причината што ПСЖ не сака да го пушти порано е поради што не им се трошат пари за нов напаѓач.