Атлетико и ПСЖ нема да загубат од Јувентус и Реал, Сити ќе се надава голови кај Шахтар

Шахтaр – Манчестер сити (21 ч.)

Полека но сигурно станува традиција овие два тима да играат во групната фаза од ЛШ. Минатата сезона Сити го растури украинскиот тим откако на гости победи со 3:0, а потоа дома беше двојно поубедлив и славеше со 6:0. Поради тоа Шахтaр ја памти победата од пред две години од 2:1.

Двете екипи негуваат напаѓачки фудбал и сигурно се очекува повторно да има голови. Во последните 10 меча во сите натпреварувања Шахтaр има просек повеќе од три дадени гола. Граѓаните изненадно загубија од Норвич во првенството, па сега сигурно ќе сакаат повторно да се вратат на победнички патеки.

Предлог тип: Т2 1+ I & T2 3+ (2.45) – квота на денот во Sport Life

 

Атлетико Мадрид – Јувентус (21 ч.)

Пред неколку месеци овие ривали одиграа два многу интересни мечеви во рамките од нокаут-фазата. Атлетико победи дома со 2:0, но Јувентус на крајот се радуваше по триумфот од 3:0 во Торино. Начинот на којшто се славеа головите во двата меча направи да се роди поголемо ривалство.

Јувентус има големи проблеми околу составот. Повредени се Кјелини, Коста, Де Шиљо, Перин, а најверојатно нема да игра ни Данило. Атлетико ќе биде без еден од главните адути, Алваро Мората, но Жоао Феликс и Диего Коста треба да им донесат радост за домашните фанови. Традицијата вели дека има голови кога играат овие екипи.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.40) – квота на денот во Sport Life

 

ПСЖ – Реал Мадрид (21 ч.)

Ова дефинитивно е дербито на денот во ЛШ, а интересно е што во двете екипи како да е отворена болница. Кавани, Дракслер, Мбапе, Кехер и Дагба фалат кај домаќините, а Реал ќе биде без капитенот Рамос, Модриќ, Асенсио, Марсело, Дијаз, како и суспендираниот Начо.

И покрај многуте отсуства, во двата клуба има ѕвезди коишто може да направат шоу. Звучи неверојатно, но Реал Мадрид во последните 15 меча само еднаш успеал да не прими гол, па тешко е да се верува дека Кралевите ќе се одбранат од нападот на францускиот првак.

За конечниот резултат на овој меч може да типувате и на нашата страница на ФЕЈСБУК, па ако погодите, да станете добитник на вредносен ваучер од Sport Life.

Предлог тип:  1X&ГГ (2.15) – квота на денот во Sport Life

 

Баерн Минхен – Црвена ѕвезда (21 ч.)

Црвена ѕвезда втора сезона по ред прави неверојатен подвиг и од првото квалификациско коло стигнува до групната фаза. Српскиот првак има прекрасни спомени од дуелите со Баерн, но тоа е од далечната 1991 година, кога Ѕвезда го елиминираше германскиот гигант, а потоа стана и европски првак.

Сепак, сега работите се многу сменети. Се очекува Баерн лесно да стигне до победа во меч на којшто ќе има повеќе голови, но нема да биде изненадување дури и Црвена ѕвезда да постигне гол на „Алијанц арената“.

Предлог тип: 2+ I & 2+ II (2.70)

 

Динамо Загреб – Аталанта (21 ч.)

Во Загреб владее еуфорија, а „Максимир“ ќе биде исполнет до последно место. Ако сака Динамо да се надева дека може да презими во Европа, ќе мора да бара бодови на свој терен. Аталанта во Серија А победи на двете гостувања, а загуби дома. Сите три меча имаа ист епилог, односно завршија ГГ3+.

Фактот дека Динамо дома секогаш игра напаѓачки, но и тоа дека за ривал имаат екипа која не сака да се брани, е најава за погодоци.

Предлог тип:ГГ3+ (2.15) 

 

- Оглас -

Најнови вести