Aтлетико Мадрид и Севилја мораа да се задоволат со поделба на бодовите при конечни 2-2 во возбудливиот меч на „Ванда Метрополитано“. Уште во првите 45 минути се постави конечниот резултат, а се очекуваше возбудувањата да продолжат и во вториот дел.
Први се заканија гостите преку Де Јонг за водство од 1-0 во 19-тата минута, а потоа Јорганџиите во период од само четири минути го свртеа резултатот. Погоди Мората од белата точка во 32-та минута, па и Феликс се израдува на гол четири минути подоцна. Со помош на ВАР, и Севилја доби пенал пред истекот на полувремето кој го реализира Окампос.
Во директната битка за топ 4 местата на табелата во шпанската Ла Лига, Севилја веројатно ќе остане на третото место со 47 бода, Атлетико е петти со два бода помалку, исто колку што има и Хетафе.