Атлетико и Слован одиграа меч каков што немало во историјата на ЛШ

Атлетико Мадрид го победи Слован Братислава со 3-1 и сега со скор од четири победи и два порази, Јорганџиите си ги подобрија шансите да влезат директно во осминафиналето на Лигата на шампионите.

За Атлетико ова е петти меч едноподруго на којшто даваат три или повеќе голови, а на секој од тие пет натпревари барем по еден гол даде Антоан Гриезман, кој вечерва стана четврти Французин со 40 гола во ЛШ, по Бензема, Мбапе и Анри.

Во Мадрид се испиша и нова страница од историјата на ЛШ. Првпат се случи една против друга да играат две екипи со тренери чии синови се на терен. Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, цел меч на терен го остави син му Џулијано, а кај Слован во 84-тата минута влезе Владимир Вајс, синот на тренерот кој има исто име и презиме.

Во ЛШ одлично тера и Лил, кој го совлада Штурм со 3-2. Во моментов Лил е шести на табелата со 13 бода.

- Оглас -

Најнови вести