Атлетико и Тотенхем речиси и да немаат шанси против Реал Мадрид и Арсенал

Четвртото коло на Спортска прогноза нуди 13 интересни меча од најатрактивните пет лиги во Европа. Мисија на секој прогнозер е да се обиде да стигне до Среќна 13-ка, која би му ја донела главната премија што се нуди во секое коло, а тоа е да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5).

Подароци има и за оние кои ќе имаат едно или две промашувања во фиксот. За 12-ка следува вредносен ваучер од Sport Life во износ од 1.000 денари, додека 11-ката вреди ваучер од 500 денари.

Во ова коло најатрактивни се два градски дерби-дуела во кои веќе станува јасно кои се фаворитите. Арсенал е домаќин на Тотенхем, а речиси 75 отсто од прогнозерите очекуваат победа на Топчиите, додека во триумф на гостите веруваат само 7 отсто.

Во Мадрид, Атлетико е домаќин на Реал, а Јорганџиите иако играат пред своите навивачи, се во улога на аутсајдери бидејќи за „кец“ се одлучиле само 15 отсто од прогнозерите.

Овие два градски дуела се само еден мал дел од 13-те понудени пара на кои може бесплатно да прогнозирате.

- Оглас -

Најнови вести