Атлетико и Валјадолид ќе се „отворат“ во второ полувреме

1305 Реал Мадрид – Вилјареал (18.00 часот)

Некомплетниот Реал мора да победи ако сака да се надева на титула. Вилјареал е незгоден тим, но ако на домашните им треба триумф, а тоа зависи и од средбата во Валјадолид, тие ќе го остварат. Жолтата подморница в среда игра финале на Лига Европа и за нив тоа е многу поважен меч, веројатно тренерот Емери ќе тактизира со составот, и против Реал ќе одмори дел од носителите на играта. Вилјареал уште има шанса да се избори за Лига Европа. На последните шест меѓусебни дуели, секогаш двата тима даваа гол.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.65)

 

1306 Валјадолид – Атлетико Мадрид (18.00 часот)

Атлетико со победа ја освојува титулата. Јорганџиите се провлекоа во минатото коло и останаа на чело, ова е шанса која не смее да ја пропуштат. Проблемот за Атлетико е што Валјадолид уште има теоретски шанси за опстанок, па и домашните ќе пробаат да победат и да се надеваат на чудо. Во двата тима ќе фалат по неколку важни поединци (Лемар и Савиќ кај гостите). Валјадолид нема победа од 6 март наваму, а треба да се вадат во последно коло против тим на кој не му дале гол уште од декември 2018 година. Атлетико победи на само едно од последните шест лигашки гостувања, но мотивите им се големи.

Предлог тип: 2>1 (1.86)

 

1012 Свонси – Барнсли (19.30 часот)

Лебедите од Велс пред пет дена победија со 1-0 на гости кај Барнсли во првиот меч и многу се блиску до финална битка за пласман во Премиерлигата. Барнсли никогаш не го победил Свонси, и ако успее вечерва, тоа би било историски подвиг за нив. Свонси не е претерано незгоден домаќин, напротив, добија само еден од последните пет меча на свој терен. Барнсли кога дава гол, ретко губи, па затоа одбраната е таа што треба да му помогне на Свонси.

Предлог тип: 1 (2.90)

 

1985 Олимпијакос – ПАОК (20.00 часот)

Двата од четирите најдобри тимови во Грција се среќаваат во финалето на купот. Средбата се игра на олимпискиот стадион во Атина. Олимпијакос оди по двојна круна, откако првенството го освои убедливо, со 16 бода пред вториот. Сепак, купот е нешто друго, се случуваат изненадувања. Пред десет дена. Олимпијакос го победи ПАОК со 1-0, а во април во Солун, домашните триумфираа со 2-0 и тоа беше единствен пораз на пирејците сезонава.

Предлог тип: 1 (1.95)

 

3003 Сампдорија – Парма (20.45 часот)

Ова е средба без никакво значење. Парма одамна се предаде од борбата за опстанок, има девет порази во последните десет кола, и најверојатно како последна на табелата се сели во Серија Б. Сампдорија е деветта и веруваме дека ќе има мотиви да ја извојува 15-тата победа сезонава. Тимот од Џенова нема толку отсутни играчи како Парма, и типуваме на единица поради тоа што кај гостите не покажуваат никакви мотиви за чесно простување од лигата.

Предлог тип: 1 (1.78)

- Оглас -

Најнови вести