8.8 C
Skopje
сабота, 1 ноември 2025

Атлетико игра се подобро, веќе се израмни со Барселона на табелата (Видео)

Атлетико Мадрид игра се подобро, па по почетната криза, веќе има девет меча во серија без пораз во Ла Лига и се искачи на четвртата позиција на табелата, со 22 бода, колку што има и Барселона.

„Јорганџиите“ попладнево со убедливи 3-0 славеа над Севиља, иако по првиот дел немаше голови.

Хулијан Алварес од пенал во 64-тата минута го отвори резултатот, а Алмада во 77-мата минута зголеми на 2-0. Конечните 3-0 ги постави Антоан Гризман во 90-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести