Атлетико испратил понуда за Гарначо, Манчестер јунајтед уште размислува

Лидерот во шпанската Ла Лига, Атлетико Мадрид, дал понуда од 60 милиони фунти за Аргентинецот Алехандро Гарначо.

Формата на Аргентинецот е во пад во последно време, тој повеќе на клупата во последните недели по доаѓањето на менаџерот Рубен Аморим, Португалецот дури и го исфрли Гарначно заедно со Маркус Рашфорд од тимот за дербито на Манчестер сити, а медиумите на британскиот остров тврдат дека на „Олд Трафорд“ е пристигната понудата која уште ја разгледува. Доколку биде прифатена, не би било изненадување доколку Аргентинецот замина во шпанската престолнина уште во јануари.

Црвените ѓаволи треба да продадат некои играчи за да ја подобрат својата позиција во финансискиот фер-плеј. Гарначо најверојатно нема против да оди во Атлетико бидејќи како млад беше дел од тој клуб, и роден е во Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести