Атлетико Мадрид ја доби голеадата со Реал Сосиедад и славеше со 3-2 во меч кој е најава за финалето од Купот на Шпанија. Двете екипи имаат шанса да ја завршат сезоната со трофеј, откако стигнаа до финалето, па ако се суди според нивниот првенствен меч, тогаш нѐ очекува вистински спектакл.
„Јорганџиите“ двапати имаа водство, но екипата од Баскија двапати успеваше да израмни, но сепак, Николас Гонзалес во 81-вата минута погоди за 3-2, што на крајот беше и конечен резултат на мечот во Мадрид.

