Атлетико ја прекина мини-кризата, токму пред дербито со Реал (Видео)

Атлетико Мадрид ја прекина мини-кризата и се врати на победнички пат, совладувајќи ја Мајорка со 2-0 на домашен терен.

По изненадувачкиот пораз од Леганес, со кој ја завршија серијата од 15 натпревари без неуспех, избраниците на Диего Симеоне овојпат одиграа сигурен меч и ги освоија трите бода.

Лино го отвори резултатот во 26-та минута, погодувајќи по асистенција од Џовани Симеоне, синот на тренерот Диего Симеоне. Конечните 2-0 ги постави Антоан Гризман со погодок пред самиот крај на натпреварот.

Со оваа победа, Атлетико Мадрид се наоѓа на второто место во Ла Лига со 48 бода, а во следното коло ги очекува големото дерби против Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести