Атлетико ја приморува Барса сама да си ја освои титулата во Шпанија

Атлетико Мадрид го совлада Валјадолид со 1-0, во меч на кој статистички, однапред се знаеше дека домашните нема да примат гол. Атлетико е тим со најдобра одбрана во Шпанија, Јан Облак по 20-ти пат ја зачува мрежата, а Валјадолид го има најлошиот напад. Победата за Атлетико значи дека Барселона уште не е првак, но тоа може да се случи ако каталонците вечерва на „Камп Ноу“ го победат Леванте.

Погодокот за Атлетико беше автогол на Хоакин Фернандес, и тоа е прв автогол на „Ванда метрополитано“ во полза на тимот кој таму игра како домаќин. „Јорганџиите“ сезонава дома освоија 47 бода, повеќе од било кој друг тим во лигата, но на гостувањата беа толку добри како Барселона.

- Оглас -

Најнови вести