Атлетико ќе го овековечи Арагонес со бронзена статуа

Атлетико Мадрид ќе го овековечи легендарниот тренер Луис Арагонес со бронзена статуа. Истата ќе биде поставена пред нивниот стадион „Ванда Метрополитано“, а средствата за финансирање на статуата беа собрани за околу 30 дена.

Идејата ќе биде реализирана по иницијатива на навивачите, токму тие се најголемите „виновници“ што се собраа околу 130.000 евра за да се направи статуата. Доколку целата сума не биде потрошена, останатите средства ќе бидат дадени во хуманитарни цели.

Арагонес почина пред пет години на 76 годишна возраст, а со него започна шпанската доминација на меѓународната сцена. Тој ја предводеше Црвената фурија до првата европска титула во 2008 година, а потоа на кормилото го наследи Висенте Дел Боске и продолжи да ниже успеси.

Арагонес беше познат по прекарот  „желка“, а како тренер на Атлетико освои седум трофеи, меѓу кои најмногу ќе се памети титулата во Шпанија во 1977 година.

 

- Оглас -

Најнови вести